Шминкерка, бјути блогерка и ИТ-девојка, Французинката Виолет ни е новата инспирација за шминкање. За разлика од останата You Tube ѕвезди, во нејзините туторијали за шминкање ја забележуваме леснотијата и ноншалантноста, таа предлага изгледи кои лесно се постигнуваат и имаат голем ефект, а за кои не се потребни безброј чекори за шминкање (прајмери, контурирање, разни пудри, хајлајтери…). Виолет од неодамна е глобален бјути директор на компанијата Estée Lauder, што значи дека ќе има голема улога во развојот, уметничкиот изглед и едукацијата на брендот.
Во оваа објава го избравме нејзиниот видео туторијал во кој објаснува како да го постигнете изгледот на француската актерка Ана Карина, ѕвезда на Новиот бран во 60-тите, и препознатлива по нагласените очи со црн креон.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари