• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
нега 0

Како да го откриете типот на кожа и да обезбедите најдобра нега

Од stylist @StylistMKD · На април 11, 2022

Откривањето на типот на кожа е клучно за утврдување на видот на нега. Не постои универзален режим за нега на кожата кој одговара на сите типови кожа. Сами проверете каков тип на кожа имате и каква нега треба да преземете.  

  • Ако ја чувствувате Вашата кожа многу затегната и рапава по целото лице, тогаш се одредува како сува.
  • Кожата со сјајна текстура е склона кон создавање акни и може да се класификува како масна.
  • Нормалната кожа е мазна, без проширени пори и неправилности.
  • Кожа која сјае во Т-зоната со склоност кон избувнување, а останатиот дел е сув, е комбинирана кожа.
  • Треба да запаметите дека сите овие типови на кожа исто така може да се класификуваат како чувствителни.

Ако не можете да го откриете типот на вашата кожа со набљудување, исто така може да направите тест со хартиено марамче. Измијте го лицето со лосион за чистење за да ја отстраните нечистотијата, маснотијата и шминката и исушете ја со тапкање. Почекајте еден час додека ги извршувате редовните работи, но избегнувајте да го допирате лицето. Потоа, лесно допрете го лицето со хартиено марамче, особено обрнувајќи внимание на Т-зоната. Погледнете го марамчето. Ако на него има масни остатоци, вашата кожа е масна, ако има ситни лушпи од сува кожа на марамчето, во тој случај имате сува кожа, доколку нема никакви остатоци – кожата е нормална. Комбинираната кожа покажува особини на трите споменати типови кожа.

all models

Сувата кожа особено подлежи на негативното влијание на надворешните фактори. Затоа производите за нега на кожа не треба само да дадат влажност на кожата, туку и да ја потхрануваат за да се создаде заштитен површински слој. Дневните креми треба да содржат заштитни филтри независно од годишната сезона кога се користат. Сувата кожа често има нездрав изглед, без сјај и изгледа уморно. Добро е да користите козметички производи кои ќе ѝ дадат здрав сјај на кожата.

Претерано сувата кожа, исто така, може да се препознае како зрела кожа. Овој тип на кожа покажува знаци на стареење, како брчки, тенки линии и лупење и вообичаено се појавува кај жените по менопаузата, што предизвикува и хормонски дебаланс кој се забележува на кожата. Зрелата кожа произведува помалку себум и е повеќе подложна на иритација, оштетување и зголемена сувост. Исто така станува почувствителна на временските услови и при изложување на сонце. Затоа има потреба од посебна нега. Збогатеното потхранување и влажност помага за еластичност на кожата и ја намалува појавата на брчки. Виталните состојки и антиоксиданси на кремот може да го надоместат здравиот изглед и да го забават понатамошното стареење.

Кога станува збор за масна кожа, најважно е правилното чистење. Не користете јаки сапуни или други козметички препарати кои може да ја пресушат. Хидрантните дневни и ноќни креми треба да имаат доста лесен состав. На масната кожа ѝтреба добра хидратација, бидејќи спротивно на популарното верување, добрата хидратација го намалува производството на себум. Лесниот крем не ги затвора порите, тоа е она што е најопасно за масната кожа. Исто така се верува дека слој на себум на лицето ги блокира штетните сончеви зраци. Тоа не е точно. Кожата се заштитува од штетни зраци преку филтри, кои исто така треба да се нанесуваат на масен тип на кожа. Лицата со масна кожа треба добро да размислат пред сончањето, затоа што може да се влошат воспалителните промени кои се типични за овој вид на кожа.

Оние со нормална кожа…. се среќни! Тоа сепак не значи дека не треба да ја негуваат кожата. Перфектната кожа нема да остане таква засекогаш.  Голем број надворешни услови може да имаат негативно влијание врз состојбата на кожата. Времето поминато во климатизирани простории може да предизвика сушење на кожата, прекумерното изложување на UV зраци може да го забрза стареењето на кожата. Затоа и нормалната кожа треба да се чисти, хидрира, потхранува и заштитува од штетните UV зраци,  тоа ќе помогне таа да изгледа здрава што е можно подолго време.

Комбинираната кожа е доста проблематична за одржување. Од една страна треба да пронајдете решение за прекумерното производство на себум во Т-зоната, а од друга страна, треба да се хидрира областа на образите и околу очите. Изборот на соодветен крем е еднакво важен како и изборот на вистинско средство за чистење. Лицето треба да се мие два пати дневно со соодветни производи за нега на кожа, освен тоа се препорачува пилинг на лицето еднаш неделно, што ќе помогне за ослободување од перутот на епидермисот и митесерите.

Сè се менува, па така и кожата. Вреди повремено да се проверува свежината на кожата. Масната кожа може да стане комбинирана, или нормалната кожа да стане сува или масна… Доколку забележите знаци на промени на типот на кожа, се препорачува прилагодување на секојдневниот режим на новите потреби.

нега на кожатипови на кожаубавина
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • spf нега

    Грешки што не треба да ги правиме при употреба на креми со заштитен фактор

  • celulit 1 нега

    Брзински план против целулитот

  • INT_EN_ECN_210006_210007_210008_Anti_Pigment_Skin_Perfecting_Serum_08_2021_static-_FBPost_v2 нега

    Отстранете ги пигментните дамки и заштитете ја кожата во лето со Еуцерин

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • H&M

    Модниот бренд H&M конечно во Македонија – летово се отвора првата продавница во Скопје

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • 1

    „Љубовна парада“ – спектакуларна ревија на Гучи во Холивуд

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • PARIS HAUTE COUTURE FW22

    PARIS HAUTE COUTURE: Видео преглед на новите колекции на висока мода

    јули 6, 2022
  • 10_Planet der Schafe

    Премиера на германско-македонскиот документарен филм „Планета на овците“ на CINEDAYS

    јули 5, 2022
  • 1

    Одлична музичка програма и рекордна посетеност на „Д Фестивал“ во Дојран

    јули 4, 2022
  • 1 Massimo-Dutti

    Колоритен летен стил по предлог на Massimo Dutti

    јули 4, 2022
  • dolgi fustani (1)

    Макси фустани за долго топло лето

    јули 4, 2022

Убавина

  • 1 (8)

    Шведскиот beauty-tech бренд FOREO достапен на продажните места во Neptun

    јуни 16, 2022
  • spf

    Грешки што не треба да ги правиме при употреба на креми со заштитен фактор

    јуни 8, 2022
  • 60197676_2455248107820681_5289026189485146112_n

    Видео туторијали: Бронзена и сјајна шминка за ултимативен летен изглед

    јуни 8, 2022
  • celulit 1

    Брзински план против целулитот

    јуни 6, 2022
  • neon french

    #NeonFrench – Пролетен француски маникир со флуоресцентни врвови

    мај 28, 2022

Живот

  • Watermelon-margarita

    Watermelon Magrarita – розова и освежителна верзија на познатиот коктел

    јуни 22, 2022
  • almond-milk.jpg

    Како да направите бадемово млеко

    јуни 16, 2022
  • design icons stylist

    Design Icons: Изложба на култни дизајнерски парчиња мебел од иконите на модернизмот во салоните на „Смарт ливинг“ и „Каре“

    јуни 2, 2022
  • Денови на хуманост-1

    Од денеска до петок „Денови на хуманост“ за помош на бeгалците од Украина во Мош бар

    мај 25, 2022
  • 1

    Овални и заоблени каучи – ретро тренд на мебел што се врати во мода

    мај 25, 2022

Култура

  • 10_Planet der Schafe

    Премиера на германско-македонскиот документарен филм „Планета на овците“ на CINEDAYS

    јули 5, 2022
  • 1

    Одлична музичка програма и рекордна посетеност на „Д Фестивал“ во Дојран

    јули 4, 2022
  • ???????????????????????????

    SKOPJE LIGHT FESTIVAL 2022: Јавен повик за избор на предлог концепти во рамки на Фестивалот на светлината

    јуни 30, 2022
  • msu

    Европските уметници Жмијевски и Алтхамер ќе создаваат колажни дела во МСУ, а дел од нив ќе ги подарат на музејот

    јуни 23, 2022
  • unnamed (2)

    Музичка промоција на книгата „Забранети луѓе“ од џез-вокалистот Џон Илија Апелгрен

    јуни 15, 2022

Тагови

Vogue Инстаграм Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics