Тринаесет модерни и луксузни лофт-апартмани се создадени во зграда што порано ја користела престижната лондонска школа „Сент Мартинс“ (Central Saint Martins School of Art), благодарение на архитектонското студио Darling Associates. Обновата и редизајнот на зградата во Сохо, Лондон, каде се наоѓало уметничкото школо барало обемни технички интервенции, но крајниот резултат е прекрасни минималистички станови во лофт-стил, совршено осветлени поради големите прозори карактеристички за уметнички ателјеа, и уредени во модерен стил со допирни точки на индустриски декор. Во предворјето на зградата е направена уметничка инсталација што ги покажува имињата на најпознатите дипломци на ова школо, дополнета со фотографии и уметнички дела на студенти. Креаторите на дизајнот на станови ја испочитувале богатата архитектонско-занаетчиска историја на зградата, додека во исто време понудиле современ живот во карактеристичен лофт-стил, со минималистички изглед кој создава чувсвство на смиреност во срцето на живописниот Сохо во Лондон.
Нема коментари