„Гучи“ и Алесандро Микеле повторно го ангажираа шпанскиот уметник и илустратор Игнасио Монреал во новата кампања на италијанската модна куќа. По учеството во проектот #GucciGram Монреал направи илустрации и за кампањата за колекцијата на „Гучи“ за пролет-лето 2018, преку која се тематизира вечната човекова фантазија за утопија. Од рибарење на облак до сирени кои прават селфи, од Снежана како гризе јаболко до патување на гондола низ некој необичен свет, Монреал претставува надреални и хиперсензуални илустрации преку кои нè охрабрува да го истражуваме извонредниот и високо визуелен наратив на дизајнерот Микеле.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари