На големо задоволство диџејката Vaal повторно во Скопје и вечерва ќе настапи во клубот Епицентар
Возбудливите сетови, емотивната продукција и совршените мелодии низ нејзината продукција ги освоија подиумите ширум светот и стотици илјади верни следбеници. Vaal иако е еден од клучните членови на Afterlife, таа неслучајно одбира да биде во сенка, одбегнувајќи го центарот на вниманието, фокусирајќи се исклучиво на нејзината музика.
Длабоката наклонетост кон меланхолијата и нејзиниот сериозен пристап кон музиката ја издигнаа на епицентарот на светската техно сцена во моментов, а цврсто изградениот стил и посветеност кон звукот го означуваат новото поглавје на нејзината нова, уникатна инспиративна приказна.
Во изданијата за сопствениот label Baastard Records, па Life And Death и Afterlife, вклучувајќи ја и една од највртените траки за 2016 „Wander To Hell“ различните влијанија од dark wave, indie и techno рефлектираат дирекно на личниот вкус и музичка инфлуенција.
Во моментов Vaal е целосно посветена на „социјалниот експеримент” – клупска култура кој и дава друга димензија на студиските сесии, а настапите низ светот подлабоко самокритично разбирање на влијанието кога нејзината музика ечи од добар и силен sound system.
Нема коментари