Еден поинаков 8 март ќе се одбележува вечерва на деветтот издание на „Вечерите на женски права“, закажано за 20 часот во Кино Фросина, во Младински културен центар. Со цел унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на жените и промоција на родово-одговорните политики, UN Women, Град Скопје и Институтот за човекови права од Скопје, во соработка со Шведската амбасада во Скопје, го поддржуваат одбележувањето на Меѓународниот ден на жената, 8 Март, со овој настан.
„Вечерите на женски права“ се културна алтернатива во одбележувањето на 8 Март, како еден од најсветлите датуми во историјата на правата за жените и родовата еднаквост. На денешното издание ќе се одржат неколку активности. Внимание привлекуваат Разговори за феминизмот, еманципацијата, женскиот активизам и многу други теми кои ќе ги модерира Ана Јовковска, а согоровриници ѝ се Лабина Митевска, Мерсиха Смаиловиќ, Ненад Марковиќ, Ана Бунтеска и Огнен Јанески. Ќе се одржат и изложба „Признаените vs. невидливите жени“, проекција на документарниот филм „Граници и ветувања“, женски слем поезија перформанс со Елена Пренџова и музичко дружење со бендот „Џун“
Целосната програма може да ја погледнете на овој ЛИНК.
Нема коментари