• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
културен водич 0

Шестото издание на Skopje Design Week почнува вечерва во „Јавна соба“

Од stylist @StylistMKD · На ноември 23, 2016

sdw-press-3
Со отворање на изложбениот дел на дизајнерите-учесници и со концерт на српскиот џез-состав „E-Play“, вечерва во 20 часот ќе почне шестото издание на „Skopje Design Week”. Од утре до 27 ноември во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ ќе се одржат изложби, работилници за деца, предавања, а ќе биде понудена и богата музичка програма. Годинава неделата на дизајнот, организирана од нова, свежа женска сила, се одржува под мотото „Blooming Makers“, со цел дополнително да се поттикнат и поддржат локалните дизајнери во освојувањето на регионалниот и интернационалниот пазар, но и да им даде самодоверба за повидливо присуство на домашниот пазар. На денешната прес-конференција беше нагласено дека фокусот ќе биде ставен на Главната изложба поттикната од мотото „Blooming Makers“, на која се претставуваат 18 главно млади дизајнери и дизајнерски студија кои храбро, мудро и креативно се борат за своето место на пазарот, потоа на патувачката изложба „Young Balkan Designers“, како и изложбата на земјата во фокус, Австрија, дизајн велесила од каде доаѓаат 30 дизајнери кои се дел од “designaustria”, а со тоа оваа изложба е најголемата австриска изложба на дизајн воопшто презентирана во Скопје.

-Очекуваме издание кое ќе има огромно влијание врз младите и креативците преку сето она што ќе имаат можност да го видат, слушнат и научат за време на фестивалските денови кои следат – рече Тамара Георгиевска, менаџер на Skopje Design Week
На „Skopje Design Week“ ќе се одржат девет презентации, почнувајќи од 24 ноември со презентацијата на Зоран Једрејчиќ за Белградскиот саем на мебел, а во истиот ден следат и презентациите на „designaustria“, како и „Проект Илица: Made in Ilica/ Old school Ilica“ на хрватскиот колектив „Оаза“. Следните денови од 25 до 27 ноември презентации ќе имаат и FITR и „Модулар“, ЕУРМ и „Завар“, ЕУРМ и Ендрју Деген, Игор Јосифов, Соња Шутова и Стефан Георгиевски.

made-in_brand

Дизајн на колективот „Оаза“ кој е познат со иницијативите „Од рака на рака“ и „Made In“

-По шести пат Неделата на дизајн во Скопје се посветува на промовирање на нови македонски брендови, иноватори, ни ги носи актуелностите од светската дизајн сцена претставувa една светска дизајн велесила и традиционално се посветува на регионот. Зрелоста на самиот фестивал се огледува во зрелоста на излагачите кои се претставуваат, а работната агенда е повторно сериозна и инспиративна. Во следните пет дена Скопје ќе дише со креативна позитивна енергија во ритамот на дизајнот – изјави Марта Наумовска – Грнарова, менаџер на експо зона на Skopje Design Week.

Четири професионални работилници и три работилници за деца ќе се одржат годинава во „Јавна соба“. Амбасадата на Кралството Холандија во партнерство со „Јавна соба“ ќе ја реализира работилницата „Tastes of Textiles“, работилницата „Design thinking – Understanding the power of human-centered design“ ќе биде реализирана од „Solveo“, „Design through experience“ од SEDS, додека „Marketing Exercises inspired by Design School“ од ReBorn.

rabotilnici

Трите работилници за деца ќе се одржат за време на викендот, 26 и 27 ноември, на темите „Фабрика за играње“

Трите работилници за деца ќе се одржат за време на викендот, 26 и 27 ноември, на темите „Фабрика за играње“ која ќе ја води Џулија Ѓорѓевиќ, „Магијата на абакусот“ со „Brainobrain“, додека со работилницата „Илустрации“ ќе раководи Ина Михајлова.
Од музичките настапи на сцената во „Јавна соба“ ги најавуваме за првпат во Скопје концертите на српските групи „E-Play“, „EYOT“ и „Dingospo Dali“. Своја вечер ќе имаат и македонската група „Џун“ и диџејот Master Flow од Суботица, Србија. Во музичкиот дел влегуваат и перформансот „Untie“ на Игор Јосифов како и рап-натпреварот „Beatrix – MC Battle“.
Оваа година за првпат ќе бидат доделени награди за Најперспективен бренд и Студентски дизајн, а програмата ќе биде дополнета со две работилници за деца, музички настапи во живо секоја вечер на сцената во „Јавна соба“, како и со кулинарски настани.
Неделата на дизајнот во Скопје е мултикултурна платформа фокусирана на дизајнот и иновациите која овозможува промоција, презентација, едукација, кулинарство и забава.

e-play-maja-cvetkovic

„E-Play“ ќе одржи концерт вечерва

Skopje Design WeekЈавна соба“Недела на дизајнот
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 2indog културен водич

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

  • yes културен водич

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

  • toska културен водич

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics