• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
културен водич 0

Ведрана Рудан и Неле Карајлиќ на штандот на „Арс Ламина” и „Литература.мк” на Саемот на книгата 2019

Од stylist @StylistMKD · На мај 8, 2019

53ae4cb9-70e1-4f7e-89af-488df88ff5bc

Промоции на популарната хрватската писателка Ведрана Рудан и на ѕвездата на „Забрането пушење” и „Топ-листа на надреалистите”, д-р Неле Карајлиќ, повеќе од 400 нови наслови и попусти до 70%, се дел од богатата понуда на издавачката куќа „Арс Ламина ‒ публикации” и книжарниците „Литература.мк” на годинашниот Саем на книгата.

На 31. издание на најголемата книжевна манифестација кај нас, што од 8 до 14 мај ќе се одржи во ВИП арената „Борис Трајковски”, на штандот на „Арс Ламина” и „Литература.мк” ќе се одржат десетина промоции на книги од домашни автори и познати имиња од Унгарија, Србија, Хрватска и Албанија. Под мотото „Пронајди се во добра книга” ќе можат да се најдат повеќе од 1000 книги за сите генерации, од белетристиката, книжевност за деца и стручната литература.

На првиот саемски ден (8 мај, среда) во 13 часот ќе се одржат работилници за деца инспирирани од книгите за Исидора Мун, со „Арс Ламина едукација”. Во 17 часот авторот на „Dave’s Kitchen: Најдоброто од македонската кујна” – Давор Панчевски ќе ја потпишува новата книга. Еден час подоцна е закажано потпишување и дружба со Бистра Георгиева ‒ авторката на популарната сликовница „Џиновска продавница за фантазии”. Во 19.30 часот ќе се одржи свеченото отворање на саемот.

На 9 мај (четврток) во 13 часот е промоцијата на сликовницата „Самовилата која гледа во темнина” од авторот Ласло Багоши, кој доаѓа од Унгарија ‒ земјата која е во фокусот на 31. издание на Саемот на книгата. Во 17 часот ќе биде премиерно претставена книгата за деца „Дружината на борот и други приказни” од Снежана Анастасова-Чадиковска. Во 18 часот ќе се одржи промоција на „Солунска 28″ – вториот роман на легендарниот музичар и автор Неле Карајлиќ. Книгата ја доби престижната српската книжевна награда „Момо Капор” за 2018 година.

Во петок (10 мај) во 17 часот ќе се одржи промотивно дружење со Кристина Димовска, авторката на новата фантазија за млади „Светлината на Сатурната”.
Истиот ден, со почеток во 18 часот, во промотивниот центар во ВИП арената „Борис Трајковски”, ќе се одржи промоцијата на македонското издание на книгата „Костурите на округот Медисон” од една од најпопуларните регионални авторки, Ведрана Рудан.

Програмата во сабота (11 мај) почнува со потпишување на книги и дружење со: Владимир Мартиновски ‒ писателот на „Дур дишам се надевам” (во 12 часот), Ерина Богоева – авторка на „Скопје: Архитектурата како фотографска скулптура” (во 13 часот), а во 17 часот е закажана средбата со Моџо Килингтон, кој неодамна ја објави збирката поезија „Аутопсија на љубовта”.
Новата книга за млади, „Јас сум Миа”, од популарната домашната авторка Јана Мишо, ќе биде промовирана со почеток во 18 часот.

Следниот ден (12 мај, недела) во 12 часот на штандот на „Арс Ламина” и „Литература.мк” ќе се одржи промоција на книгата за деца „Игра со именки” од Оливија Георгиевска, со илустрации од Ивана Јовановска. Еден час подоцна, авторот и илустратор Ване Костуранов ќе ја потпишува својата втора сликовница „Девојче и мече”. Во 17 часот ќе биде претставена новата книга „Човештина” од музичарот Дејан Сибиновски – Сибо, а во 18 часот е промоција на книгата „Секој полудува на свој начин” од албанскиот автор Стефан Чапалику.

На претпоследниот саемски ден (13 мај, понеделник) во 17 часот, легендарниот спортски коментатор Зоран Михајлов ќе ја потпишува својата книгата „Спортски стории: записи, настани и сеќавања”. Во 18 часот ќе почне промоцијата на новата книга „Вампирџија” од наградуваниот македонски писател Владимир Плавевски.

Традиционално, на штандот на „Арс Ламина ‒ публикации” посебно место е издвоено за литературата за деца, која, благодарение на импринтот „Либи” е водечки издавач за најмладите. Во периодот меѓу двата саема беа објавени многу нови наслови. Покрај „Девојче и мече”, „Џиновска продавница за фантазии”, „Дур дишам се надевам”, ги издвојуваме: „ТКЦП: Замокот на илјада мачки”, „Девојчето кое танцуваше со пролетта” и „Облачињата што не сакаа да плачат” од Билјана С. Црвенковска, второто продолжение на светскиот книжевен хит „Приказни за добра ноќ за бунтовни девојчиња” од Елена Фавили и Франческа Кавало, четири нови наслови од популарниот серијал за Исидора Мун од Хариет Мункастер и многу други. На полиците ќе се најдат и новите лектири за основните училишта во издание на „Арс Ламина”, кои се лесно читливи и одобрени од Здружение за дислексија „Ајнштајн”.

Годинава е богата и понудата на бестселери, романи за млади, историски изданија и стручна литература. „Арс Ламина” е издавач на македонското издание на светскиот бестселер „Becoming: Мојата приказна” од Мишел Обама, која е продадена во над 10 милиони копии низ светот, и е на пат да стане најпопуларниот мемоар на сите времиња. Покрај оваа книга, достапни ќе бидат и новите популарни наслови: „Е, баш ме заболе” од Марк Менсон, „Американски брак” од Тајари Џонс, „Паника” од Деса Мук, книгите од Дејв Бирс и многу други.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • yes културен водич

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

  • toska културен водич

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ културен водич

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics