Лелеави фустани, шари во стилот на хипи модата и лежерни кроеви се карактеристките на новата колекција на Дајан фон Фурстенберг за сезоната пролет-лето 2016 прикажана во склоп на Њујоршката модна недела. Манекенките со цветови во косата и со драматично нашминкани очи прошетаа по пистата облечени во креации кои потсетуваат на 70-тите години. Дизајнерката откри дека инспирација за пролетната колекција е една слика на Фортуна, римска божица на среќата и судбината, на која е боса и со крила на пеперутка. Но нагласува дека инспирацијата не е пресликана можеби во буквална смисла, туку како трактат за индивидуалноста. Облеката е лелеава, привлечна за носење, заведувачка и со многу декоративни елементи, како на пример златни пеперутни навезани на фустаните. Во дел од колекцијата дизајнерката прикажува и поедноставни креации како ленени панталони и лежерни костими.
Нема коментари