Компанијата за долна облека Victoria’s Secret официјално ја заврши ерата на „ангелите“, сексапилните манекенки ги спуштија крилјата, а на нивно место како модели и позитивни примери доаѓаат неколку реализирани и успешни жени. Компанијата долго играше на картата на сексапилност, слаби манекенки, организирање на раскошни модни спектакли, но во последниве години го изгуби сјајот, како и релевантноста, со тоа и финснсискиот приход.
Концептот на секси ангели веќе не ја провадаше долната облека, се појави конкуренција која нуди подобар квалитет, непроблематични ставови, инклузивност и посветеност кон сите женски тела. Над Victoria’s Secret надвиснаа скандали, во прв ред поврзаноста со Џефри Епстеин, богаташ, сексусален педофил и предатор.
На местото на англите доаѓа VS Collective, нова маркетинг стратегија базирана на новите амбасадорки на брендот, познати актерки, спортистки, манекенки, реализирани жени посветени на позитивните промени – актерката Пријанка Чопра со потекло од Индија, фудбалерката Меган Рапино, манекенката Адур Акеч која своевремено пребегала од Судан во Австралија, фотографката од Лос Анџелес Аманда де Каденет, кинеска скијачка Ајлин Гу, британската plus size манекенка и активистка Палома Елсесер и бразилската трансродова манекенка Валентина Сампајо.
Ќе ја спаси ли компанијата овој потег? Ова е огромна промена за брендот кој не само што долго продаваше долна облека која ја сакаа жените, ама и ја задололуваше машката фантазија, туку беше и сериозно набудуван во последниве години за врската на нејзиниот сопственик со сексуалниот насилник Џефри Епштајн и откритија за мизогинистичка корпоративна култура што тргуваше со сексизам, нетолеранцијата кон различни големини на тело и возрасти. Компанијата беше пред банкрот, пред да најдат нови сопственици. Тие донесоа примени, но дали ќе им успее да го вратат сјајот на компанијата или сепак е прекасно за Victoria’s Secret?!
Нема коментари