Француската модна куќа Celine го претстави новото промотивно видео, во кое дизајнерот Еди Слиман продолжува да го развива својот специфичен стил. Видеото се однесува на машката колеција за пролет 2019 која и е инспирирано од Jeunes Gens Modernes, постпанк движење кое се роди во доцните 70-ти и раните 80-ти во Париз. Во позадина се слуша песна на синтпоп бендот Ruth од 1985 година, дел од движењето. Слиман и Celine во јануари следната година за првпат ќе учествуваат на Париската недела на машка мода.
Нема коментари