Актерката Марион Котијар се појавува во новата рекламна кампања на најпознатиот парфем Chanel N°5 облечена во луксузен фустан креиран во ателјето за висока мода на куќата Шанел. Таа како новото заштитно лице на парфемот се појавува и во промотивното видео во кое танцува на Месечината заедно со Жереми Белингард од Парискиот балет.
Видеото режирано од Јохан Ренк (познат по сериите „Чернобил“ и ‘Breaking Bad”), е исполнето со атмосфера што асоцира на празници и празнични чуда. Започнува како хероината Марион чекори по еден париски мост, погледнува во небото и се транспортира на Месечината каде што ја чека возбудлива авантура. Романса, злато и блесок, флерт, моќта на соништата и Париз, кој денес се чини далечен како Месечината. Сè во ова видео ве подготвува за исчекување на нова магија…
Нема коментари