Дизајнерката Марија Грација Кјури ја претстави новата предсенска колекција на модната куќа Диор на модна ревија во Шангај, во градот кој основачот на куќата Кристијан Диор го обожаваше поради неговата енергија. Ова е една од ретките ревии со публика во последнава година, но од Диор велат дека бие преземени сите заштитни мерки.
За Кјури овој настан претставува единствена можност да внесе визуелна моќ и нова енергија во нејзините креации, на модно шоу со уметнички референци на поп-арт стилот и новиот футуризам на Марк Лодол. Ревијата се одржа во музејот Лонг, во сала со ѕидови со големи златни светки и со огромни диско топки на таванот, на писта покриена со тепих со лепардов принт, а манекенките носеа металик и таенини со пулејки, флоресцентни нијанси и парчиња со мрежа, тантела и тул, и многу леопардов принт во чест на Мица Брикард, музата на господинот Диор која ретко се појавувала без леопардова шара и која често е инспирација и за дизајните на Кјури.
Нема коментари