Супермоделот Карли Клос се појавува во новиот видеоспот за I’ll Be There, првиот сингл од новиот албум на Нил Роџерс и неговата група Chic, кои беа доста популарни за време на диско ерата. Ова е прва песна на Chic по 23 години, а ѕвезда на видеоспотот е американската манекенка Карли која танцува провокативно додека се превртува на под покрај стари плочи, а потоа и во дискотека. Спотот е микс на новиот материјал со Карли и на снимки на групата од 70-тите години, го реализираше познатиот фотографски тандем Инез ван Ламсверде и Винод Матадин, а еден дел е снимен во њујоршкиот дискоклуб Pacha.
Нема коментари