Додека сè уште трае модната недела во Њујорк, Лондон веќе е при крај со подготовките за својата серија на модни ревии, а Британскиот моден совет објави трејлер со кој ја најава новата модна недела што почнува на 18 септември. Бидејќи организаторите на Лондонската модна недела ревиите ги селат од Сомерсет Хаус во Сохо, во видеото посветено на настанот го гледаме и слушаме Хари Бејкер, светски шампион на слам-поезија, кој низ своја поема зборува за богатиот живот во интересниот лондонски кварт Сохо. Во делото Vive Le Soho Freak! тој зборува за бутиците, рестораните, џез клубовите, секс-шоповите, ноќните клубови и другите живописни места во Сохо.
Нема коментари