Модниот гигант H&М ги открива моделите од колекцијата Studio за пролет-лето 2015 преку видео со манекенката Кармен Педару која се појавува во спортски и џинс комбинации кои на крајот од зимата ќе почнат да се продаваат во продавниците и на интернет страницата на шведскиот бренд. Иако во последните неколку години H&M презентираше колекции на Париската модна недела, иако тоа не е практика на хајстрит-брендовите, за оваа последнава за пролет оргнанизираше само мала презентација во Париз, подоцна и презентации за модни уредници и блогери, а ова видео нуди малку поширок преглед на новите модели. Според зборовите на Ан-Софи Јохансон, првиот човек на дизајнерскиот тим на H&М, колекцијата е инспирирана од лежерниот животен стил на Мајами и Палм Спрингс, содржи спортски акценти, удобни панталони, пастелни бои и егзотични принтови. „Во колекцијата ќе се пронајде H&M девојката која сака да се забавува, да изгледа кул и ноншалантно, но овојпат таа е во туристичко расположение и зема инспирација од гламурозниот и лежерниот живот на Мајами и Палм Спрингс“, смета Јохансон.
Нема коментари