Во пресрет на вечерашната ревија на колекцијатаMétiers d’Art на „Шанел“ во Салзбург, модната куќа премиерно го прикажа кратниот филм „Реинкарнација“, во кој Кара Делевињ и Фарел Вилијамс се реинкарнираат во австриската царица Сиси и младиот император Франц Јозеф. Како и во претходните филмови, Карл Лагерфелд и овојпат раскажува романтични приказни и локации кои ги објаснуваат инспирациите на легендарната Коко Шанел.
Приказната вели дека Коко инспирација за познатото шанел-сако нашла во униформата на лифт-оператори во лускзусните австриски хотели од 50-тите години. Покрај Кара и Фарел во филмот се појавуваат и Џералсин Чаплин и моделите Хајди Маунт, Џејми Бочерт, Баприст Џабикони и Бред Крониг.
Нема коментари