Викторијански венчаници и кожени парчиња кои асоцираат на Амазонките видовме во новата колекција за пролет-лето 2019 на Сара Бартон за Александар Меквин, прикажана на Париската модна недела. Дизајнерката колекцијата на посвети на силните жени, нивните историски ритуали, и на важноста да не се се плашиме да бидеме кршливи. Оттука деликатните фустани и цветниот вез се судираат со масивните кожени ремени и во духот на Амазонките. Бартон се урнува и во други историски референци враќајќи се и во добата на паганството и средновекието, но во целото историско патување во центарот ги има важните моменти од животот на жената – раѓање, брак, сестринство, пријателство.
Нема коментари