Креативниот директор на париската модна куќа „Диор“ Раф Симонс и извршниот директор на брендот Сидни Толедано одлучија новата предзимска колекција да ја претстават преку ревија во јапонскиот главен град Токио. Наречена Esprit Dior Tokyo 2015, колекцијата продолжува да ја следи високоинтелигентната естетика на Симонс преточена во облека која е всушност доста нослива и со ретро-футуристични елементи. Главната инспирација дизајнерот ја нашол во култниот дистописки филм Blade Runner, а ревијата на која гости беа Одри Тоту, Луси де ла Фелаз и Хејли Стајнфелд се одржа во стара дворана за сумо борби.
Нема коментари