Со презентацијата на колекцијата за пролет-лето 2019 на модната куќа „Луј Витон“ финишираше Париската модна недела, а крајот беше вистинско враќање во иднината благодарение на футуристичката силуета и колоритните space age принтови што ги креира креативниот директор на куќата Николас Геские. Креативецот презентира и цветен дезен, игра со кроевите, волуменизирани ракави и шари кои евоцираат панорама на идните градови. Колекцијата си поигра и со темата на родова флуидност и прашањето за еманципација и двосмисленост, што се илустрира преку манекенките кои носеа машки креации.
Нема коментари