Деновиве се појави уште едно видео кое во стотина секунди ја илустрира модата во последните стотина години. Го направи тимот на лајфстајл блогот Mode и се однесува на модата што Американците ја носеле од 1915 до 2015 година. Во помалку од три минути ги гледаме најзначајните трендови од изминатото столетие – од флапер фустаните од џез ерата од 20-тите, креациите инспирирани од „новиот изглед“ на Кристијан Диор во 50-тите, до еклектичното расположението од 70-тите, гранџ модата од 90-тие и денешницата престатвена преку комбинација на boyfriend фармерки, бел топ и кожена јакна.
Нема коментари