Манекенката Бехати Принслу пред некое време се венча со пејачот Адам Левин од бендот „Марун 5“, но повторно облече венчален фустан за промотивната кампања на Томи Хилфигер за колекцијата пролет-лето 2015. Брендот објави тизер-видео во стилот на калифорниска весела свадба како најава за колекцијата, а покрај Принслу се појавуваат Артур Кулков, Џордан Дан, Мајлс Мекмилан и други модели.
Нема коментари