По популарните видеа за стандардите за убавина и ритамот на модните трендови во последните 100 години, ова видео оди подалеку и прави перспектива како се менуваше идеалот на женското тело од антички Египет преку Грција, италијанската ренесанса, викторијанска Англија, златното доба на Холивуд до денешната постмодернистичка убавина. Иако важи познатата изрека дека убавината е во очите на оној што ја гледа, сепак постојат карактеристични концепти за идеално женско тело во различни периоди од човештвото. Погледнете го следното видео на Buzzfeed во кое неколку модели во рок од три минути прикажуваат различна силуета на женско тело во период од 3.000 години.
Нема коментари