Најнајпознатата пејачка Мадона ги собра другите најпознати колешки за снимањето на новиот спот Bitch I’m Madonna, третиот сингл од албумот Rebel Heart. Во видеоспотот снимен од модниот фотограф и режисер Јонас Акерлунд се појавуваат Бијонсе, Кети Пери, Мајли Сајрус, Рита Ора и Ники Минаж. Мадона спотот вчера го објави на Tidal, а од пред неколку часа е ставен и на нејзиниот VЕVО канал.
Мадона како да ѝ парира на Тејлор Свифт која што за последниот спот ангажира голем број познати личности, па и самата ги повика познатите колелешки за видеозаписот на Bitch I’m Madonna, во кој исто така се појавуваат и дизајнерот Александар Ванг, комичарот Крис Рок, Канје Вест, продуцентот на нејзиниот албум Дипло, нејзините синови Роко и Дејвид.
Нема коментари