• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
музика 0

Виктор Филиповски награден како најдобар млад џез-музичар од „Катар ервејс“

Од stylist @StylistMKD · На октомври 18, 2017

Viktor Filipovski (levo) i Ivan Bejkov 02

Признанието Golden Oryx, што за достигнувања на полето на културата го доделува „Катар ервејс“, годинава му беше врачено на Виктор Филиповски, којшто изминатиов период се истакна како тапанар на повеќе состави. Авиокомпанијата, која што е поддржувач на Скопскиот џез-фестивал, во рамки на годинашното издание на манифестацијата го прогласи Филиповски за најдобар млад џез-музичар во Македонија.

- „Катар ервејс“ е интернационална компанија, меѓу другото, годинава прогласена за најдобар авиопревозник во светот, меѓутоа, таа со гордост помага и на низа локални иницијативи, кои што ја збогатуваат нашата глобална заедница. Се надеваме дека оваа награда ќе му даде дополнителен поттик на Виктор, да продолжи по одличната патека како и досега, но и дека ќе инспирира нови генерации џез-музичари во Македонија – изјави Алтај Шабан, комерцијален директор на канцеларијата на „Катар ервејс“ во Скопје.

Altaj Saban od Qatar Airways Skopje i Viktor Filipovski 02

Алтај Сабан од Qatar Airways Skopje и Виктор Филиповски

Виктор Филиповски е дипломец на џез-отсекот на музичката академија при факултетот „Гоце Делчев” во Штип. На истата институција моментно е магистерски кандидат, но и најмлад инструктор вклучен во наставата по џез-тапани. Изминативе години е особено активен на македонската музичка сцена, како тапанар во голем број состави, преку кои што во различни форми го прикажува својот огромен талент и разновиден стил. Тој е дел од изданијата на групи како џезерите „Фирс“, рокерите „Проект Орфеус“ и фанкерите „Барбарела“. Редовно настапува со искусни домашни и регионални џез-имиња како Васил Хаџиманов и Тони Китановски.

- Во развојот на еден млад џез-музичар и генерално, човек што се занимава со креативност и уметност, значаен е талентот и образованието, но подеднакво е битна и поддршката што ја добива во периодот кога се етаблира на сцената. Оваа награда од „Катар ервејс“ ја гледам не само како потврда за мојата досегашна работа, туку и како дополнителна поткрепа за предизвиците што допрва ќе ме пречекаат – истакна Виктор Филиповски, којшто откако ја прими наградата настапи со својот состав во кафе-барот „Винил“ Скопје.

Годинашниот Скопски џез-фестивал ќе се одржи од 19 до 22 октомври во Македонската опера и балет и Младинскиот културен центар. Ќе настапат повеќе реномирани светски имиња меѓу кои се вокалистката Ди Александер, гитаристот Марк Рибо и пијанистот Крег Тејборн. Годинава, еден од главните поддржувачи на манифестацијата е и „Катар ервејс“, која што од неодамна го поврза Скопје со Доха, но и со уште 150 дополнителни дестинации.

- Скопскиот џез-фестивал се заблагодарува на нашите пријатели од „Катар ервејс“ на чија иницијатива се доделува оваа награда за најдобар млад џез-музичар. Ние во Скопскиот џез-фестивал направивме комисија која едногласно одлучи таа годинава да оди во рацете на Виктор Филиповски. Ние сме особено среќни што „Катар ервејс“ на нивен предлог препозна еден ваков момент со кој што ќе оддадат признание на еден млад, надежен, талент. Ова ретко се случува кај нас, а „Катар ервејс“ тоа го направи токму со оваа плакета Golden Oryx – рече Зоран Ингилизов од Скопскиот џез-фестивал.

 

Toni Kitanovski (gitara), Viktor Filipovski (tapani), Kiril Kuzmanov (saksofon), Ivan Bejkov (bas)

Тони Китановски (гитара), Виктор Филиповски (тапани), Кирил Кузманов (саксофон), Иван Бејков (бас)

„Катар ервејс“на 17 јули почна да лета четири пати неделно од Доха до скопскиот аеродром „Александар Велики“. Дестинацијата е опслужувана од воздухоплов од моделот „Ербас А320“ којшто има 12 седишта од бизнис-класата и 120 од економската. Патниците можат да уживаат во системот за забава, Oryx One, којшто содржи огромен број опции и за кој авиопревозникот освои низа награди.

„Катар ервејс“ сообраќа до 15 дестинации во источна Европа, вклучувајќи ги Скопје, Прага, Киев, Истанбул, Белград, Софија, Будимпешта, Букурешт и Варшава. Авиокомпанијата, што досега има освоено голем број признанија, објави дека, почнувајќи од 31 октомври, ќе воспостави лет и до Сараево, и ќе го зголеми капацитетот на линиите до Варшава и до Прага.

 

*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.

Golden OryxQatar Airways Skopjeџез-музичарВиктор Филиповски„Катар ервејс“
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1hugel музика

    Светски познатиот DJ Hugel следниот месец во Скопје

  • pmg музика

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

  • milko музика

    Инди-рок бендот „Милко“ се враќа на сцената со новиот сингл „Тажен понеделник”

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • 1

    MY:TIME ја продолжува емотивната приказна „Моменти за нас“ – Пролетна порака која ќе ве натера да застанете

    април 24, 2026
  • 1hmstella

    H&M ја претставува колекцијата креирана во соработка со дизајнерката Стела Мекартни

    април 17, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026

Тагови

Vogue Инстаграм Моден викенд-Скопје Париз Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics