Модниот бренд „Манго“ пред неколку години ја разви линијата Violeta by Mango посветена на облека за жени со облини и до конфекциски број 54, а се креирани во стилот на тековните модни трендови. Кампањите за оваа линија се често инспиративни, носат битни пораки и охрабрување дека модата е за сите жени во сите големини. Новата кампања за пролет-лето 2020 е под слоганот #ThisIsPower (Ова е моќ), а во неа се појавуваат осум жени на кои една работа им е заедника – моќта да бидат жени. Во светот има скоро 4 милијарди жени и сите тие се убави на различен начин, сите тие се моќни.
Моделите од кампањата Џорџија, Сабина, Клое, Оливија, Ева, Ловиса, Сејби и Лорена откриваат разни моќи – моќта на забавата, емпатијата, мајчинството, трпеливоста, храброста, креативноста, семејството и интуицијата. „Манго“ и осумте модели преку инспиративно видео упатија директна порака до жените да си ја вратат својата оригинална моќ. Во кампањата тие се облечени во новите креации на Violeta by Mango – фустани и костими во светли и живописни бои, модели кои одговараат на секаква градба како што се широките панталони и фустаните на преклоп.
Нема коментари