Како и многу музеи низ целиот свет, познатиот Метрололитен, попознат како МЕТ, нуди виртуелна турнеја достапна на Интернет. Благодарение на таканаречениот The Met 360° Project инициран уште во 2017 година сите ние можеме да прошетаме низ музејот и да го видиме храмот на Изида од Дендур или одделот за оклопи.
Сместен во срцето на Њујорк на Петтата авенија, музејот Метрополитен (МЕТ) е еден од најголемите музеи на уметноста во светот и место што мора да го посетите кога сте во градот. Отворен во 1872 година, во музејот се сместени над 2 милиони уметнички дела од целиот свет. Од античките статуи до слики од француски мајстори, вклучително и голема колекција на американска уметност, МЕТ нуди неверојатен спектар на ремек-дела и разни тематски изложби кои редовни кршат рекорди во посетеност.
За модниот свет значајна е големата модна изложба, секоја година на разлечна тема, која се отвора секоја пролет во Институтот за костими на МЕТ и пред чие отворање се случува најпосетениот моден настан – Мет Гала. Настанот е во организација на Метрополитен и на Ана Винтур од американски Vogue, а оваа позната модан уредничка има и свој дел во музејот – Центар за костими Ана Винтур.
Како да „прошетате“ низ салоните на Метрополитен, информации на овој линк https://www.metmuseum.org/art/online-features/met-360-project
Нема коментари