Најпознатата македонска компанија за здрава храна, Виталиа, започна соработка со светскиот бренд на кафе – Старбакс. Посетителите на Старбакс Белград, освен што можат да ги консумираат најпознатите брендови на кафе отсега ќе уживаат во свежите десерти припремени со Виталиа гранола мусли.
-Изборот на Старбакс да започне соработка со Виталиа е големо признание за нас како компанија и потврда за квалитетот на нашите производи. Старбакс се реши токму за гранола муслите на Виталиа бидејќи тие претставуваат здрав и вкусен мини-оброк и се единствени гранола мусли на Балканот производени од 100% овесни снегулки, засладени со кафеав шеќер. Ваквите интернационални партнерства, и присутноста во HORECA (Hotel/Restaurant/Café) каналот овозможуваат зголемена достапност на производите на Виталиа до потрошувачите како и пренесување на заедничката мисија на двете компании: “ We are not in the business of filling bellies, we are in the business of filling souls” - изјавија од Виталиа.
Гранолата која е омилен избор на поборниците за здрава храна е идеален додаток во уникатното “parfait” десертод Старбакс асортиманот со што ја потврдува својата мултинаменска карактеристика. Природно слатката комбинација од печен овес и јаткасто овошје совршено го комплементира уникатниот вкус на Старбакс кафето.
Дополнително, нутритивно го збогатува овој утрински ритуал со изобилство од растителни влакна, комплексни јаглехидрати, витамини и минерали за енергичен почеток на денот.
Во наредниот период се очекува Виталиа-Старбакс соработката да се прошири и во останатите земји од регионот каде што е присутен овој бренд – Бугарија и Романија, а потрошувачите и во овие земји ќе можат да уживаат во познатите Виталиа гранола мусли.
Нема коментари