Кожените влечки со метални топчиња наречени „Амелија“ со потпис на дизајнерот Александар Ванг се хит меѓу трендсетерките и блогерките. По влечките од кожа со крзно од брендот „Гучи“, продолжува опсесијата со модели инспирирани до влечките за дома. Во случајнов, металните додатоци им даваат порокерски изглед на овие обувки, но начинот на кој се носат и комбинираат е сличен како и тие од Алесандро Микеле.
Дека некое парче е во тренд покажуваат речиси синхронизираните фотографии на инстарграм профилите на највлијателните модни блогери, предводени од Кјара Ферањи. А изминатиов период „Амелија“ влечките доста се присутни на социјалните мрежи. Со овој модел се појавија и моделите Лили Олдриџ и Бехати Принслу.
Нема коментари