Британската супермоделка не открива многу за нејзиниот приватен живот и ретко открива делови од својот дом, но во договор со Vogue UK, прво сними видео интервју од кое добивме претстава како изгледа нејзината дневна соба, а сега за магазинот откри делови од нејзиниот дом во Лондон во кој живее со нејзината ќерка Лила и сопругот Џејми Хинс. Ги гледаме омилените уметнички дела, гостинската соба, купишта очила за сонце, како и плакарот со чанти.

Во својот дом манекенката има многу книги и модни монографии, а сликата на ѕидот е свадбен подарок од познатиот британски уметник Џејк Чепмен

Чантите на Кејтсе организирани по овој ред: црни и винтиџ, црни секојдневни, светкави и вечерни, од „Шанел“, колоритни и дневни, и на кјај едноставни клач-чанти. „Најлесто носам класична bowling-чанта од „Луј “Витон““

Во куќата порано живеел поетот Семјуел Тејлот Колериџ, а собата во која спиел и пишувал сега е гостинска

Подарок за вселување од диџеј Фет Тони, кој има свое место во кујната, нешто како „Доме сладок доме“, ама на поинаков начин
Нема коментари