Спој на британски и француски стил пронајдовме во парискиот дом на блогерката Мариса Кокс. Оваа шармантна Британка го одбрала Париз за град во кој ќе живее и работи, и нејзината париска адреса е на улицата Rue Rodier, од каде што ја почнала својата блогерска приказна наречена Rue Rodier: The Road to Better Living. На лајфстајл блогот и на Инстаграм профилот таа пишува и фотографира за Париз, за модата и стилот, за храната и декорот, за местата во градот што вредат да се посетат, а открива и како изгледа нејзиниот француски дом.
Мариса живее во центарот на Париз, на Rue Rodier, во типичен градски стан со ретро шарм, со француски прозори и камин, со украсни лајсни и бели ѕидови, а го уредила во британско-француски стил, мешајќи шик и елеганција со удобност и топлина во домот. Мариса често се фотографира во својата дневна соба, во која наместила неутрален мебел разигран со украсни перници во јаки бои и шари, и ја надополнила со цвеќиња, книги и модни списанија.
A post shared by Marissa Cox (@ruerodier) on
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари