Популарната пејачка и актерка Џенифер Лопез за магазинот People го открива својот огромен плакар, односно голема прсторија во која се складирани нејзините модни парчиња, раскошни тоалети, безброј пара чевли, детали, накит и шминка. Џенифер со своите деца Макс и Еми сними насловна страница и даде интервју за People, за бројот што од денес се продава, а и го отвори својот плакар за уредниците на списанието. И се изгледа грандиозно и во нејзин стил, вклучувајќи ги полиците со преку 200 пара фармерки и оној фамозен провокативен фустан од „Версаче“ од свилен шифон што Лопез го носеше на доделувањето на Греми наградите во 2000 година. Џенифер исто така вели дека за новиот филм The Boy Next Door употребила гардероба од својот плакар, а ликот што го глуми носи фармерки од нејзината колекција за Kohl’s. Едно од омилените парчиња и е капут од брендот на сестрите Олсен, Elizabeth and James, па признава: „Дам јас сум обожавателка на близначките Олсен!“.
Нема коментари