Италијанската блогерка Кјара Ферањи која што стои зад блогот The Blonde Salad, има безброј следбеници на социјалните мрежи, супер хонорари кои ѝ ја донесоа титулата најдобро платена блогерка и ангажмани како дизајнерка. Трендсетерка по израз, Краја е инспирација со своите модни комбинации, па се прашувате ‘Како ли излгеда нејзиниот гардеробер!?’. Кјара веќе извесно време живее во Лос Анџелес и ги ангажира луѓето од Consort Design кои ѝ помогнаа во стилизирањето на домот и во изгледот на плакарот. По желба на Кјаrа полиците во гардероберот се во бела боја, бидејќи така подобро изгледаат на „Инстаграм“. Нејзиниот плакар всушност е цела соба уредена со винтиџ-детали и во која е сместена и една практична софа. Модните парчиња се функцинално распоредени, достапни се за полесно склопување стајлинзи, а место има и за чевлите што Ферањи ги дизајнира за својот бренд.
Нема коментари