Уредништвото на француското издание на Vogue одлучи да го отстапи мартовскиот број беспалтно за сите. За да се осигурa дека списанието ќе биде достапно да се чита од дома, ја понуди дигиталната верзија на изданието за март 2020 година бесплатно, без претплата и за сите во светот.
Мартовскиот број вообичаено е посветен на претапорте колекциите за претстојната сезона, во овој број гледаме мода за пролет-лето 2020 и читаме интервју на Мијуча Прада и Бети Катру.
Бесплатна дигитална верзија за своите списанија понудија повеќе изданија на Vogue и на Conde Nast, но париската е најлесна за симнување. Едноставно одите на овој линк и таму ќе ја најдете PDF верзијата на Vogue Paris.
Нема коментари