Деконструкција, драпирање, изрези и нагласени рамена се првиот впечаток за новата колекција на Никола Геские за „Луј Витон“. Во завршницата на Париската модна недела дизајнерот ја прикажа колекцијата за пролет-лето 2017 на ревија во новиот главен продажен салон на Place Vendôme. На пистата прошетаа моделите во изгледи кои потсетуваат на 80-тите години, низ кои се чувствува секси гламур преку сјај, шљокици и злато. Дизајнерот експериментира и со асиметрични кроеви, а целиот изглед е еклектичен и драматичен.
Внимание привлече и иконската Petit Malle чанта која сега е претставена во современа визија како маска за iPhone, а забележани беа и останатите модни додатоци како чевлите, LV чантите и необичните златни алки.
Нема коментари