• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
филм 0

Американската премиера на „Врба“ на Манчевски крунисана со награда за најдобар филм на фестивал во Калифорнија

Од stylist @StylistMKD · На октомври 26, 2020

Willow 2

Aмериканската премиера на „Врба“ на Милчо Манчевски e крунисана со наградата најдобар филм на фестивалот во Синеквест, Калифорнија. Ова е главната награда на Синеквест што ја доделува меѓународно жири, а „Врба“ е претставен како „филм што нема да го заборавите“.

Успехот на „Врба“ е многу значаен за претставувањето пред американската публика, затоа што Синеквест е еден од најголемите и најреномираните независни фестивали на американскиот континент, а се одржува во Сан Хозе и Редвуд Сити во Силиконската долина, седиште на најголемите технолошки гиганти како Фејсбук, Епл, Твитер, Нетликс, Зум, Линкедин. Фестивалот е специфичен по програмата што поддржува иновативни и креативни уметнички дела. Овогодишното јубилејно 30-то издание на фестивалот место во март, поради пандемијата се одржа онлајн од 1 до 14 октомври, со програма од 154 филмови од САД и светот, учествуваа вкупно 950 артисти, а се одржаа и 95 специјални настани поврзани со филмската работа. Фестивалската програма за кратки и анимирани филмови се квалфикува и за Оскар.

Неделава „Врба“ ќе ја има и шпанската премиера во конкуренцијата за награди на фестивалот во Валенсија. Изминатиов период „Врба“ доживеа големи интернационални успеси: во септември беше избран во селекцијата за престижната награда за најдобар филм на Европската филмска академија (ЕФА) позната и како Европски Оскар, а доби и две номинации (за најдобар игран филм и за најдобар режисер) на еден од најголемите фестивали за независен филм Рејнденс во Лондон.

Измина точно една година од светската премиера на фестивалот во Рим, при што „Врба“ постигна рекорди во кино и тв прикажувањето дома, ласкави критики во светските медиуми („длабок, суптилен”), над 20 фестивали на четири континенти, и 3 награди, а филмот го продолжува фестивалскиот поход со несмалено темпо што времено беше запрено поради ковид-19 пандемијата. Исто така, се очекува следната недела „Врба“ да се врати и во македонските кина, како дел од програмата на кино Синеплекс во Скопје.

Во исто време со успехот на „Врба“, се подготвува и новиот филм на Манчевски „Кајмак“, поддржан од Агенцијата за филм на Северна Македонија, а сега доби поддршка и од данската држава – од Данскиот филмски институт.

„Данскиот филмски институт го поддржа „Кајмак“, а дански продуцент на филмот е славната Мета Луис Фолдагер Соренсен, продуцентката на филмовите „Меланхолија“ и „Антихрист“ на Ларс фон Трир, на данскиот кандидат за Оскар „Кралската афера“ и на „Сопругата“ за кој Глен Клоус доби номинација за Оскар, како и на хит сериите „Премиерката“ и „Рагнарок“, меѓу другите. Многу сме задоволни што по соработката со британската легенда Ник Пауел за „Врба“, новиот филм на Манчевски ќе овозможи во македонска меѓународна копродукција да влезе уште една реномирана европска и светска продуцентка како Мета Фолдагер“, вели Јане Ќортошев, македонскиот продуцент на „Кајмак“.

Новиот филм на Манчевски „Кајмак“ е поддржан во првиот рок на одлучување на конкурсот на Агенцијата за филм, како проект со мнозински македонски удел, а во него се активни продуценти од дури осум држави: Данска, Велика Британија, Белгија, Луксембург, Полска, Унгарија, Албанија и Словенија.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • megalopolis филм

    Програма на јубилеи во месец октомври во Кинотека

  • ??????????????????????????? филм

    Свечено доделување на „Златниот објектив” на Столе Попов

  • VREME NA BETON филм

    Премиера на документарниот филм „Време на бетон“ во режија на Игор Иванов

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • hm

    H&M доаѓа во Тетово на 17 јули

    јули 8, 2025
  • 1

    Белата маица евергрин во модата

    јули 8, 2025
  • 1

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

    јуни 25, 2025
  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics