На 17 јануари од 20 часот во „Јавна соба“ ќе се одржи втората самостојна изложба на Тони Попов со наслов „Само сенка на она што доаѓа“. Ова е серијал на слики од „Апстрактна поезија“, која е чекор надвор од комфорната зона, крик на лузните кои копнеат за исцеление, обид на смртното да ѕирне во вечноста.
Тони Попов е самоук сликар кој со сликарство се занимава од 2011 година. Неговиот талент, вештина и контемплативна креативност се забележани од љубителите на сликарството, но и од уметничките критичари уште во неговите први дела. Неговите слики досега се продадени во единаесет земји.
Покрај сликањето, Тони одржува и теоретски и практични работилници за млади сликари во Осло, Норвешка.
На изложбата во среда во Јавна соба, ќе бидат изведени дела од композиторот и виолист, Марко Виденовиќ, кој беше инспириран да напише музика за делата „Ноември“, „Се уште паметам“ и „Помина нашето лето“.
Изложбата ќе биде отворена до 16 февруари 2018.
Претходни изложби на Тони Попов
2017 – Групна изложба „Несовршен простор”, Национален Музеј, Струмица, Македонија
2015 – Групна изложба „Паратисима” Саем на Уметност, Торино, Италија
2015 – Самостојна изложба “Дојди поблизу”, Национален Музеј, Охрид, Македонија
2015 – Интернационална групна изложба „Звукот на уметноста”, Охрид, Македонија
2013 – ИФЕС, интернационална групна изложба, Екс ен Прованс, Франција
Нема коментари