Во колекцијата за оваа пролет брендот Women’secret предлага долна облека од прекрасна тантела и модни парчиња со бохо изглед, како и удобни креации со цветен дезен.
НАЈУБАВАТА ТАНТЕЛА НА СВЕТОТ
Долна облека со индиски принтови и преубава тантела со многу детали за свеж, природен изглед. Новитет се градниците без полнење со цветни и геометриски дезени, одлични за да се чувствувате привлечно што и да носите на себе.
Women’secret оваа сезона нуди и широки, релаксирани панталони за бохо изглед. Тие се дополнети со детали во бордо и зелена боја, а лесно се комбинираат и се соодветни за многу различни прилики.
ПРОЛЕТНО БУДЕЊЕ
Пролетта е во полн ек, заедно со колекцијата на Women’secret која изобилува со цветови – кралиците на оваа сезона. Лесни и удобни парчиња со цветни принтови кои нè пренесуваат директно во природата.
Колекцијата вклучува и неколку ноќници и различни видови на панталони, соодветни за сечиј стил и градба. Она што би издвоиле се класичните градници со широк ластик и пораб од тантела во сиво-сини и маслинесто зелени тонови.
Нема коментари