По повод преселбата на нова локација и во чест на денот на љубовта – Св. Валентин и денот на виното – Св.Трифун тимот на креативното скопско студио „Преплет“ на 11 февруари (сабота) ќе одржи забава. Под мотото „Повторно заљуби се“ на новата адреса, близу претходното седиште во Дебар Маало ( ул. Благој Давков бр.7а) од 11 до 16 часот ќе бидат отворени вратите за сите љубители на уникатниот дизајн.
-На настанот ќе биде претставена новата „љубовна“ колекција на производи, специјално спакувани љубовни зборчиња и се разбира изненадувања за секој што ќе дојде. Ќе ни биде многу драго доколку и вие бидете дел од забавата и заедно наздравиме, споделиме љубов и се опиеме од среќа-велат Викторија Ланговска и Магдалена Дилевска, кои стојат за „Преплет“.
Брендот е препознатлив по своите интересни цртежи и пораки на македонски јазик, испишани на чаши, перници, подметувачи и други украси за домот и канцеларијата.

„Преплет“ од неодамна е на нова адреса во Дебар Маало
Нема коментари