Флуидни и динамични форми во архитектонскиот стил на Заха Хадид
Архитектонското студио на славната Заха Хадид стапи во соработка со светски познатиот порцелански бренд Rosenthal, креирајќи три серии на вазни и садови – Lapp, Weave и Strip. Дизајните се флуидни, брановидни, комплексни, исто како архитектонските дела на Заха Хадид. Колекцијата комбинира мат и сјајна тектура, необични отвори, златни детали, а парчињата изгледаат како мали склулптури.
Архитектите од студиото Zaha Hadid Design продолжуваат да творат на база на архитектонските теми дефинирани со флуидните линии, заштитен знак на починатата Хадид, што може да се забележи и во овие порцелански дела. Rosenthal е водечки бренд за керамички предмети за домот, кој во својата 140-годишна историја се впуштил во повеќе соработки со уметници и дизајнери, меѓу другото и со Енди Ворхол, Вернер Пантон и Салвадор Дали.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари