Во трката да се изгради највисок и најспектакуларен облакодер американското архитектонско студио Oiio се вивна во нови височини и сосема непредвидливо тргна во нова насока со предлог концепт за зграда со U-облик. Заоблениот облакодер наречен The Big Bend ќе никне во близина на Централ парк во Њујорк и драстично ќе го смени хоризонтот на Менхетан. Поради скапите суми за земјиште, архитектите смислиле поинакво решение – облакодер висок околу 1.200 метри, кој ќе се гради „околу“ зградата Billionaire’s Row на 57-та улица, ќе биде „најдолгата“ зграда и ќе има заоблен врв, што пак изискува сосема нов концепт на двонасочни лифтови кои би можеле да одат во круг и да се движат хоризонтално. Архитектите во моментов ги собираат потребните дозволи за да почнат со градба на нивниот необичен нацрт-план на „најдолга“ зграда.
Нема коментари