Од 70-тите години од минатиот век нè делат четири декади, но боемската естетика од тој период постојано се враќа во мода и никако да се изнаситиме. „Зара“ нè потсетува на модата од тоа време преку новата колекцијата наречена Born in the 70’s („Родени во 70-тите“) и преку модните парчиња карактеристични за 70-тите: флуидни миди фустани со цветен или кашмирен дезен, ѕвонести фармерки, бели романтички блузи со тантела, долги здолништа со етно призвук и елеци.
Нема коментари