Шпанскиот моден гигант „Зара“ ја лансира рекламната кампања за колекцијата за есен-зима 2019/20 со која открива збир на впечатливи креации за претстојната сезона. Новата колекција е во знакот на смели принтови, миксот на стилови, бои и ткаенини и карирани комплети за деловен изглед. Има доза на класика и романтичност во новите креации, но и впечатливи орнаментирани материјали и крупни детали.
Нема коментари