Модниот бренд „Зара“ претстави нова кампања за сезоната есен-зима 2019/20, која се совпаѓа со промената на гардеробата и прилагодувањето на студените денови. Брендот прикажува микс на стилови, бои и ткаенини, кој нема да ве остави рамнодушни. За есенско-зимската сезона „Зара“ предлага разиграност во стилот и модно шаренило. Гледаме деловни комбинации со карирани парчиња, доминација на розовата и на други интензивни бои, разни принтови од кашмирски до сликарски, предимензионирани палта и долги фустани, многу детали, златен накит и додадоци во облик на синџир.
Нема коментари