Црно-бели фотографии за црно-бели комбинации во новата промотивна кампања наречена High Tension на модниит бренд Зара со кои се најавува новата колекција за есен-зима 2020/21. Креациите уловени во фотосесијата на познатиот Стивен Мајзел се базираат на елеганција и софистицираност, а колекцијата ја одразува женската сила низ софистичирани кодови на кроење.
Доминира црната боја, но и вечните црно-бели комбинации, а брендот претставува дворедни капути и сакоа, елегантни свилени кошули, миди молив-здолништа, женски одела, црни фустани, стајлинзи дополнети со вратоврски, мрежести хулахопки, впечатлив накит и мали чанти.
Нема коментари