Разиграни дезени во ретро дух, геометриски линии, окер нијанси и живописни тонови во комбинација со основни бои се само дел од елементите за опишување на новата пролетна колекција на Зара. Инспирацијата е модата од 1970-тите, но реализирани со модерен тон. Во колекцијата има комплети, мини здолништа, фустани и панталони со шари, кои понекогаш се спојуваат со еднобојни парчиња. Доминираат портокаловата и розовтаа боја, а сите креации можат да се комбинираат на повеќе начини. Додека сѐ уште ја носиме зимската облека, можеме да размислиме и за стајлизните кои што ќе го носиме во преодниот период и во првите пролетни денови.
Нема коментари