Брендот Superdry ја ангажира пејачката Зара Ларсон како заштитно лице на кампањата Icons of Style во која ги промовира новите јакни за есен-зима 2020/21 и прикажува стилови совршени за студените зимски денови. Зара во кампањата носи металик моторџиска јакна , но и топли монтки меѓу кои се извдвојуваа таа со сребрен материјал. „Секојдневниот стил на Зара е лежерен, сепак, кога станува збор за сцената, таа екстравагантно се изразува. Не бега од впечатливиот изглед и ја отелотворува суштината на нашата естетика, мешајќи ја младоста, енергијата и позитивното чувство“, велат од Superdry.
Нема коментари