Зара ја лансираше новата колекција со модни предлози за остатокот од летото – кроп-топ маици, асиметрични миди здолништа, комбинезони, лесни кошули и панталони. Ги задоволува летните трендови за денско шетање на некоја летна дестинација, но и има и модели за вечерно излегување како мал црн фустан, сатенска блуза на бретели, светкаво здолниште и фустан со набрани ракави. Впечатлив е и комплетот во пижама-стил со кашмирен дезен.
Нема коментари