Брендот Зара размислува за модата за новогодишната празнична сезона и предлага серија на фустани за забава. Многу е веројатно дека празниците годинава ќе ги прославиме без големи забави и во толпа, туку во интимно друштво и со најблиските, но тоа не е пречка да не се дотераме и почувствуваме посебно. Зара за овие мигови подготви неколку стилски идеи – црни сатенски фустани, модели со металик ефект, креации од светкави ткаенини и раскошно кадифе, фустани со златни пулејки како одлика на празничната сезона.
Нема коментари