Во новата пролетна колекција модниот бренд Зара акцентот го става на парчиња во интензивни бои како розова, портокалова, жолта и зелена и на моделите со впечатливи графички принтови во ретро стил, кои се споени во комплети кои можат да се носат спарени во иста боја или шара, но и да се комбинираат меѓу себе. Брендот предлага разни комплети со кошули, широки панталони, мини здолништа и шорцеви. Комбинациите се претежно флуидни во формата, но со елементи на структурален крој кај сакоата, фустаните и кратките палта.
Нема коментари